ДАБОМ ПЛАСТИЧАР - Скопје
Нашата компанија е основана во 1986 год. и е лоцирана во населбата Бутел 2 во Скопје. Во почетокот своето работење го започнува како самостоен занаетчиски дуќан, а денес прерасна во современа производна фирма за изработка на производи од пластика и изработка на ПВЦ декоративни профили кои конкурираат на домашниот и странскиот пазар.
Покрај производството со бризгана пластика фирмата работи и со производство на екструдирана пластика.
Пронаоѓачкиот дух и инвестициите кои ни се заповест за иднината, не само во производството туку и во организацијата, управувањето и логистиката ни обезбедуваат конкурентност на пазарите.
Неуморното тежнеење за повисок квалитет во работата во насока на модернизацијата и зголемување на обемот на производството компанијата се стреми за усовршување на производството.
Заради подобрување на пласманот на производите се воведуваат нови современи пакувања, а сите производи се кодираат со сопствен Бар-код систем. Со текот на долгогодишното работење направени се повеќе од 50 производи со широк спектар на примени, при што поголемиот број производи се однесуваат за завршни работи во градежништвото.
Нашите производи се изработени од различни типови на полимерни материјали со различна тврднина и еластичност, од увезени и домашни суровини.